CALL FOR PARTICIPANTS from North Macedonia for an impactful project: “Youth Workers on Inclusion of Refugees”
Food Connection
Ако си малку креативна и барем малку смела Вклучи се во нашите работилници во склоп на проектот “Зајакнување на гласовите: герилска кампања за подигање на свеста на жените во Битола”
Целта на проектот е да се направи герила кампања (физичка и дигитална) за подигнување на свеста на граѓаните во Битола за проблемите на жените во нашето општество преку креирани дигитални содржина на различна тема од 10 млади жени од Битола.
Работилниците ќе ги води Ангела Христовска, професионалец во областа на графички дизајн и маркетинг и долгогодишен поддржувач на жени претприемачи при развој на своите старт ап бизниси.
*
Преку проектот ќе се обучат 10 млади жени, од Пелагонискиот регион, за користење на дигитални алатки и креирање на дигитални постери на различна тема/проблем со кој сесоочуваат жените во нашето општество.
*
Проектот „Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија” го спроведуваат Национален младински совет на Македонија и Stella Network , со финансиска поддршка од страна на British Embassy Skopje . Целта на проектот е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.
ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПРАТЕТЕ ПОРАКА НА НАШИТЕ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ.