Workshop – Journaling for mental health
Youth Exchange – Blue Curtains
СФЕРА Интернешнал е во фаза на имплементација на проектот ‚‚Зајакнување и вмрежување на НЕЕТ млади‚‚ кој е дел од поголемиот проект ‚‚WB&T for EmploYouth” финансиран од Европска унија во соработка со мрежата „Youth Hub Western Balkan and Turkey Network“.
Проектот има за цел да придонесе кон намалување на младинската невработеност во Општина Битола преку истражување, обуки и настан за вмрежување на бизнис заедницата со млади од НЕЕТ групата. Исто така проектот сака да ги зголеми капацитетите на НВО секторот за промовирање на методи и обуки за полесно вработување како и преквалификација на младите. Преку планираните активности ќе придонесеме кон поткревање на свеста кон другите засегнати страни за важноста од обука и вработување на млади од НЕЕТ групата.
Планирани активности во склоп на проектот се:
- Истражување на тема ‚‚Главни причини за младинска невработеност во Битола‚‚.
- Тренинг курс за стекнување на вештини за вработување како што се: меки вештини за креирање на квалитетно CV, регистрација и бенефити на Linkedin, вештини потребни за спроведување на успешно интервју за работа, бесплатни онлајн ресурси за учење и усовршување.
- Настан за вмрежување на НЕЕТ млади лица со компании од регионот кои нудат работа.