Intercultural Night
Security in Love
Intercultural Night
Security in Love

Подобрување на онлајн вработливоста и издржливоста на младите луѓе во пост-ковид дигиталната ера

Сфера Интернешнал во склоп на проектот „Ген З Дигитална Работна Сила” организира панел дискусија на тема “Подобрување на онлајн вработливоста и издржливоста на младите луѓе во пост-ковид дигиталната ера” каде што ќе се споделат и резултатите од проектот.

На панелот ќе се обратат следните говорници:

Александра Митревска (Native Teams)
Мартин Цветановски (Monday)

Панел дискусијата ќе се одржи на 25-ти октомври 2023 во Europe House Bitola од 11:00 – 12:30 часот. По завршувањето на панелот следи коктел и вмрежување со говорниците и присутните.

Целта на проектот „Ген З Дигитална Работна Сила” е да придонесе за намалување на невработеноста во ЕУ и подобрување на онлајн вработливоста и издржливоста на младите луѓе, фокусирајќи се на поддршка на младите со помалку можности.

Проектот „Ген З Дигитална Работна Сила” е 2-годишна иницијатива помеѓу 5 организации Youth Develop Denmark(координатор), Uniamoci (Италија), SFERA International (С.Македонија), Innovaform Nonprofit Ltd.(Унгарија), My Madeira Island(Португалија)) и е финансиран од Еразмус + програмата.

Пријавете присуство со пополнување на следната апликација: https://forms.gle/HpbXZzyBPMAUMWwk9.