Girls’ Night!
EДУКАЦИЈА ПО СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ
Girls’ Night!
EДУКАЦИЈА ПО СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Повик за панелисти

Сфера Интернешнал во склоп на проектот „Соработка за интеграција на младите“ има потреба од панелист на тема „ Граѓанство и интеграциски потешкотии со кои се соочуваат мигрантите “.

Целта на проектот е да се засили соработката помеѓу партнерските организации кои работат во младинскиот сектор и имаат различна експертиза и искуство, зголемувајќи ги заедничките вредности преку процес на споделување на знаењето на секој партнер. Се стимулира и развива европско активно граѓанство за младите мигранти кои живеат во партнерските земји.Проектот е финансиран од Еразмус + програмата.

Панелистот треба да има:
• Завршено високо образование
• Најмалку 2 години искуство во учество на панел дискусии поврзани со темата
• Познавање на темата на панелот
• Панелистот ќе биде ангажиран за една панел дискусија

Сите заинтересирани треба да ги испратат следните документи:
• Кратка биографиjа
• Референта листа од претходно искуство.

Потребната документација треба да се испрати најдоцна до 30.08.2023 година на следната адреса: info@sferainternational.org со назнака за “CO4YOU“.