
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ на експерти за подготовка и имплементација на обуки во рамките на проектот „Заедници инклузивни за млади“
August 16, 2022
Зајакнување и вмрежување на НЕЕТ млади
August 16, 2022Реф. Бр. EuropeAid/171333/DD/ACT/MK
Почитувани,
Здружение за одржлив развој СФЕРА Интернешнал Ве поканува да доставите понуда за сместување и техничка реализација на обуки во рамките на проектот “Заедници инклузивни за млади“.
Општи информации
Правниот субјект ангажиран за сместување и техничка реализација е предвидено својот ангажман да го заврши помеѓу 1 септември и 31 декември 2022 во кој период се планирани 4 обуки и тоа:
- Социјална инклузија и социјална правда – предвиден период на реализација септември 2022
- Антидискриминација – предвиден период на реализација октомври 2022
- Застапување и лобирање – предвиден период на реализација ноември 2022
- Развој на јавни политики – предвиден период на реализација декември 2022
Со избраниот правен субјект ќе се одржи информативен состанок за проектот каде ќе се специфицираат конкретните датуми и други услови за релизација на обуките.
Правниот субјект ќе биде исплатен по секоја имплементација и целосно завршување на секоја од предвидените обуки.
Понудата треба да ги содржи следниве информации:
- Финансиска понуда (документ во прилог, анекс 1)
- Tековна состојба на добавувачот, не постара од една година
- Потпишана изјава дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог, анекс 4);
На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни лица.
Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.
Спецификација на понудата
Понудувачот треба да достави понуда согласно потребите на набавувачот, а во понудените содржини да содржи:
- Понуда за сместување на база на полн пансион за 20 – 25 лица во 1/1 соби со 1 ноќевање;
- Понуда за користење на сала за состаноци акустично одвоена од останатиот дел од хотелот со капацитет за најмалку 25 учесници;
- Понуда за користење техничка опрема за презентации (видео бим, платно, звучници) и техничка опрема за следење на обуките во живо на интернет;
- Понуда за освежување за време на обуките и паузите (кафе, вода, безалкохолен пијалок) за 2 кафе паузи во текот на денот
Дополнителни информации за понудата
- Понудата треба да важи за 10 до 12 лица, за времетраење од едно ноќевање или два дена во текот на погоре наведените месеци предвидени за реализација на обуките;
- Хотелот според категоризацијата треба да биде со најмалку 3 ѕвезди;
- Хотелот треба да има обезбеден паркинг за возила;
- Хотелот треба да има стабилна интернет (Wi-fi) врска;
- Претходно искуство во соработка со граѓански сектор ќе се смета за предност.
Начин на аплицирање
Понудата се доставува до Здружение за одржлив развој СФЕРА Интернешнал (ул. Влатко Миленкоски 22, 7000, Битола) или скенирана на е-поштa info@sferainternational.org
Како наслов на електронската порака наведете: ,,За проект со Реф. Бр. EuropeAid/171333/DD/ACT/MK “ и текстот „Апликација/Понуда за”.
Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице.
Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од понудувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот“.
Понудата треба да се достави во рок од 14 дена од датумот на повикот, не подоцна од 27.08.2022, 16:00 часот.
Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани и соодветно известени.