
Samet Kurtuldu
October 10, 2019
Dissimination Road to Employment
October 30, 2019Националниот младински совет на Македонија, заедно со организациите членки, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, Младински Културен Центар – Битола, Форум 16 – Битола, СФЕРА Интернешнал – Битола, и Центар за Едукација и развој „ЦЕД“ во рамките на проектот, “Студенско (ре)формирање“ на ден 25.10.2019 во Mladihub во Скопје организираа „Kick – Off” настан на кој беше означен почетокот на кампањата и беа најавени, активностите на проектот.
Студенското (ре)формирање има за цел да го поттикне актвното учество на студентите, во студентските избори на државните универзитети и да ја зголеми транспарентноста на студентските избори и работењето на студентските претставници.
Активности:
- Деск анализа на состојбата која ќе опфати и статутарна поставеност на моделот на студентско организирање, роковите за спроведување на студентски избори, правата, обврските и овластувањата на студентските претставнички тела.
- Работилници за подготовка на план за застапување на координиран пристап на државните универзитети
- Застапување преку информативна кампања (онлајн кампања, универзитетски медиуми) за зголемување на активното учество на студентите во процесот на воспоставување на новиот модел на студентско организирање и учество во донесување одлуки на универтзитетите и состаноци со деканските и ректорските управи
- Мониторинг на процесот на воспоставување на модел на студенстско организирање преку дизајниртање на заедничка матрица за мониторинг на сите универзитети
Со активноста се опфатени следниве институции:
- Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
- Универзитет во Тетово – Тетово
- Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Проектот „Студентско (ре)формирање“ е финансиран од Фондација Отворено Општество – Македонија.