Студенско (ре)формирање

Samet Kurtuldu
October 10, 2019
Dissimination Road to Employment
October 30, 2019

Националниот младински совет на Македонија, заедно со организациите членки, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, Младински Културен Центар – Битола, Форум 16 – Битола, СФЕРА Интернешнал – Битола, и Центар за Едукација и развој „ЦЕД“ во рамките на проектот, “Студенско (ре)формирање“ на ден 25.10.2019 во Mladihub во Скопје организираа „Kick – Off” настан на кој беше означен почетокот на кампањата и беа најавени, активностите на проектот.

Студенското (ре)формирање има за цел да го поттикне актвното учество на студентите, во студентските избори на државните универзитети и да ја зголеми транспарентноста на студентските избори и работењето на студентските претставници.

 

Активности:

  • Деск анализа на состојбата која ќе опфати и статутарна поставеност на моделот на студентско организирање, роковите за спроведување на студентски избори, правата, обврските и овластувањата на студентските претставнички тела.
  • Работилници за подготовка на план за застапување на координиран пристап на државните универзитети
  • Застапување преку информативна кампања (онлајн кампања, универзитетски медиуми) за зголемување на активното учество на студентите во процесот на воспоставување на новиот модел на студентско организирање и учество во донесување одлуки на универтзитетите и состаноци со деканските и ректорските управи
  • Мониторинг на процесот на воспоставување на модел на студенстско организирање преку дизајниртање на заедничка матрица за мониторинг на сите универзитети

Со активноста се опфатени следниве институции:

  • Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
  • Универзитет во Тетово – Тетово
  • Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

Проектот „Студентско (ре)формирање“ е финансиран од Фондација Отворено Општество – Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

shares